Mileo Luxury Hotel е ексклузивен boutique хотел кој претставува совршен спој на современа елеганција, автентична цикладска архитектура и беспрекорна услуга.
Сместен во близина на прекрасната плажа Кало Ливади, една од најпознатите и најубавите плажи на островот, хотелот нуди мирна атмосфера, спектакуларни погледи и уникатно искуство создадено за љубителите на луксузот.
Сместувањето се состои од внимателно дизајнирани соби и луксузни суити, инспирирани од природните форми и минималистичката естетика на Миконос.
Светлите ентериери, природните материјали и рачно изработените детали создаваат чувство на топлина и софистицираност, додека голем дел од сместувачките единици располагаат со приватен базен или надворешно џакузи со панорамски поглед кон Егејското Море.
Гастрономската понуда е инспирирана од современата медитеранска кујна, со акцент на свежи локални производи и автентични грчки вкусови..jpg)
Елегантниот ресторан и барот покрај базенот нудат префинето кулинарско искуство, внимателно избрани вина и авторски коктели во опуштена атмосфера.
За целосно уживање и релаксација, Mileo Luxury Hotel располага со модерен wellness и spa центар, фитнес простор и infinity базен кој се вклопува во природниот пејзаж на островот.
Гостите можат да уживаат и во персонализирани искуства, како приватни крстарења, дегустации на локални вина, резервации во ексклузивни beach clubs и индивидуално организирани активности низ Миконос.
Mileo Luxury Hotel е идеален избор за парови, honeymoon патувања и гости кои бараат boutique луксуз, апсолутна приватност и исклучително персонализирана услуга.
Со својот модерен дизајн, мирна атмосфера и врвен комфор, хотелот претставува едно од највпечатливите нови luxury искуства на островот Миконос.