Сместен директно на познатата плажа Орнос, Ammos Mykonos претставува еден од најпрепознатливите
boutique хотели на островот. Комбинирајќи модерен дизајн, опуштена атмосфера и врвна услуга, хотелот нуди уникатно искуство покрај самото море.
Собите и апартманите се уредени во современ цикладски стил, со природни материјали, светли тонови и внимателно избрани детали кои создаваат чувство на топлина и елеганција. Голем број од нив располагаат со приватни тераси и прекрасен поглед кон морето.
Хотелот располага со приватен дел од плажата, ресторан со медитеранска и интернационална кујна, елегантен beach bar и wellness содржини. Неговата непосредна близина до Mykonos Town и најпознатите плажи го прави идеален избор за активен, но луксузен одмор.
Ammos Mykonos е совршен за гости кои сакаат директен пристап до плажа, модерна атмосфера и врвно boutique искуство.